Апелација: Затворската казна за Васил Јованов е зголемена за уште една година

Возачот Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за усмртувањето на Фросина Кулавкова

од Nikola Popovski
77 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма

Апелациониот суд Скопје информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-696/25, по одржана јавна седница на 06.10.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 27.10.2025 година, донесе пресуда со која ја уважи жалбата на Основото јавно обвинителство Скопје и ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов за усмртувањето на Фросина Кулавкова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот Јованов кој со првостената пресуда е огласен виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став2 в.в со член 297 став 1 од Кривилниот законик, се осудува на казна затвор во траење од 13 години.

Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор.

Јованов на почетокот на судењето призна вина и се извини на семејството на Kулакова која ја прегази на 26 јануари. Врховниот суд пак во мај ја укина пресудата со која Јованов беше осуден на 3 години и 10 месеци затвор за трговија со дрога.

Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин удри во Фросина, која починала на лице место.