54
Американскиот Апелационен суд го отфрли итното барање на TikTok за привремено блокирање на законот со кој се наложува на кинеската компанија BiteDance да ја продаде апликацијата за кратки видеа до 19 јануари, или ќе се соочи со забрана за апликацијата, објави денеска Ројтерс.
Во понеделникот, TikTok и Bytedance поднесоа итна иницијатива до Апелациониот суд на Соединетите држави за округот Колумбија, барајќи повеќе време да го претстават својот случај пред Врховниот суд на САД.
Одлуката на Апелациониот суд во петокот значи дека TikTok сега мора да оди пред Врховниот суд во обид да ја запре најавената забрана.