Апелациja го прекрши законот и донесе скандалозна одлука, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Скопска апелација го укина решението на Основниот суд во Скопје, со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните разговори да не бидат доказ во кривична постапка, и со ова судот направи класично прекршување на законот и донесе скандалозна одлука спротивно на правото и спротивно на било која логика и рационално размислување.

Ова денеска на прес-конференција го изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

– Со вчерашната потполно нездраворазумска одлука судот најдиректно го прекрши законот за кривична постапка, кој во член 12 став 2 вели максимално јасно и прецизно дека „доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“ – изјави Илиоски.

Тој додаде дека со ваквата скандалозна одлука на Апелациониот суд директно се врши ерозија на правото и правниот систем во Македонија, додека судството во очите на граѓаните се повеќе наликува на куклен театар.