Апелацискиот суд Скопје му ја укина гаранцијата на бизнисменот Сеад Кочан. Судот ја прифатил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја укинал одлуката на судијата на претходна постапка од Кривичниот суд, со која беше прифатена гаранцијата од околу 900.000 евра за Кочан да може да се брани од слобода во случајот „Труст“, пишува на веб-страницата на судот.
Одлуката за укинување на гаранцијата, Апелацискиот суд ја донел на седница која се одржала пред неколку дена . Кривичниот совет на Судот оценил дека не биле доставени сите потребни докази со кои би се утврдила основаноста на понудената гаранција.Предметот, како што информираат од Апелацискиот суд, се враќа на повторно одлучување кај судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1.