Апелација на јавна седница ќе одлучува дали бомбите се доказ во предметот „Тендери“

од desk2
117 прегледи

Апелациониот суд на јавна седница закажана за денеска треба да расправа за тоа дали бомбите се доказ во постапката во случајот „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заедно со Лидија Лазарова Цветковска и Јулијана Угриновска.

На крајот на септември, советот кој го оценува обвинителниот акт, чиј претседател е судијата Ивица Стефановски, го прифатија предлогот на адвокатите на Елизабета Канческа-Милевска, бомбите кои не беа јавно објавени да не бидат доказ во постапката. Апелација претходно одби да го преиначи решението на Основниот суд Скопје 1 и не им определи пртивор на Канческа и Лазарова Цветковска.

За предметите „Насилство во Центар“ во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски и „Триста“ во кој обвинет е поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, Апелација се изјасни дека бомбите може да бидат доказ во постапката, спротивно на решенијата на кривичниот суд.

За уште 4 случаи на СЈО бомбите се отфрлени како доказ, а тоа се предметите: „Титаник“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“./Макфакс