Апелациониот суд ја оспори забраната на Трамп за патување на муслиманите во САД

од Vladimir Zorba
90 прегледи

  Апелациониот суд пресуди дека забраната за патување на граѓаните од шест земји со претежно муслиманско потекло од страна на владата на претседателот Доналд Трамп, не треба да се однесува на луѓе со силни врски со САД.


Деветтиот Апелационен суд изјави дека неговата одлука ќе биде задржана, додека Врховниот суд на САД не донесе одлука за забраната.

Забраната е насочена кон луѓе од Чад, Иран, Либија, Сомалија, Сирија и Јемен кои сакаат да влезат во САД. Американскиот претседател изјави дека е потребна забраната за да се заштитат САД од тероризам.