Апликација на MIT ја проценува храната, ја мери гликозата во крвта и дозира инсулин

од Vladimir Zorba

Многу луѓе со дијабетес треба да инјектираат инсулин пред јадење. Ова е долг процес кој често бара проценка на содржината на јаглени хидрати во оброкот, земање крв за мерење на нивото на гликоза во крвта, а потоа пресметување и доставување на точната доза на инсулин.

Истражувачите од МIТ сега смислиле два различни типа на уреди се-во-едно, од кои и двата вклучуваат нова апликација за паметни телефони. Пациентите прво ја сликаат храната, а апликацијата потоа може да го процени волуменот на храната, како и количината на јаглени хидрати, врз основа на информациите за хранливи материи од базата на податоци на USDA.

Првиот уред вклучува многу постоечки алатки кои пациентите сè уште ги користат, вклучително и ланцет за крв и тест лента за гликоза. По мерењето на гликозата во крвта, уредот преку Bluetooth ги пренесува информациите до апликацијата за паметни телефони, а апликацијата ја пресметува точната доза на инсулин. Уредот вклучува и игла која инјектира правилна количина на инсулин.

За вториот уред, истражувачите сакале да осмислат систем кој бара само едно боцкање со игла. За да го постигнат ова, тие дизајнирале нов сензор за гликоза кој може да се вгради во истата игла што се користи за инјектирање инсулин.

Тие дизајнираа флексибилен електронски сензор кој може да се закачи на игла и да го мери нивото на гликоза во интерстицијалната течност, веднаш под површината на кожата. Штом иглата ќе навлезе во кожата, потребни се меѓу пет и 10 секунди за да се измери нивото на гликоза. Оваа информација се пренесува на апликација за паметен телефон, која ја пресметува дозата на инсулин и ја доставува преку вметната игла.

Во тестовите на свињи, истражувачите покажаа дека можат прецизно да го измерат нивото на гликоза со овој систем и дека нивото на гликоза паднало по инјекцијата на инсулин.

Овој уред користи нов тип на сензор за гликоза, па ќе почекаме уште некое време за првите тестови на луѓе. Досега се поднесени барања за патенти и за двата системи, а се очекува добар одговор од индустријата, која би можела да ги произведува овие уреди на големо.

Слични содржини