„Апокалипса денес“ се заканува на човештвото

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Шансите човекот да не го доживее крајот на 21-ви век се 13 отсто, проценил математичар од Универзитетот во Барселона.

nasa-fin1479803679_thumb_medium490_0

Доктор Фергус Симпсон смета дека постојат шанси од 0,2 отсто да се случат глобални катастрофи во која било година во текот на овој век. Пресметките му се засновани на аргументот дека може да се предвиди бројот на припадниците на човечкиот вид воиднина врз основа на вкупниот број на луѓе родени до сега.

„Нашиот главен заклучок е дека годишниот ризик од глобална катастрофа во моментов надминува 0,2 отсто“, навел д-р Симпсон во документ насловен „Апокалипса денес“.

Ова се смета дури за оптимистички заклучок ако се земат предвид претходни студии во кои британскиот астроном Мартин Риз сугерирал дека шансите да го снема човештвото до 2100-та се 50 отсто.

Ново истражување објавено во „Сајнс Адвенсес“ предупредува дека ако луѓето продолжат да користат големи количини фосилни горива, Земјата би можела да биде изложена пред голем ризик од глобално затоплување што би било катастрофално за човештвото.