Состојбата со поплавите во Хрватска не се смирува. Реката Купа во Жажина во Хрватска се излеа, а нема вреќи за подигање на насипот, пренесе „Нова.рс“.
Селото во општина Лекеник на повеќе места е отсечено. Купа се излеа, викендичките во кои никој не живее се поплавени, пренесува „Јутарњи лист“.
Тамошните жители се жалат дека во Жажина нема војска, нема пожарникари, нема вреќи за правење насипи.
Treći dan u Obrovcu. Situacija je puno bolja, Zrmanja se polako povlači, no ostavila je velike posljedice. Zbog miješanja slivnih i fekalnih voda i lož ulja, naređena je dezinfekcija poplavljenih objekata. Radnici Čistoće od jutros na terenu čiste ulice. #N1info @N1infoZG pic.twitter.com/Ur7vuUg6j0
— Vesela Šegvić (@segvic_vesela) May 17, 2023
Се уште врне дожд, а мештаните стравуваат од големи поплави.
Ситуацијата во Двор на Уна е исклучително тешка.
Таа општина во моментов е целосно отсечена од Хрватска.
Под вода се селата Куљани, Унчани и Замлаќа, поплавени се куќи. Спасувачките екипи со моторни чамци се пробиваат до нив. Непрекинато врне дожд, а нивото на водата се зголемува.
На својот Фејсбук профил се огласи и претседателот на Вараждинската жупанија Анѓелко Стричак, кој објави неколку фотографии од поплавените подрачја.
„Поплавени куќи, вода што се прелева по патиштата, одрони, свлечишта… страшно“, напиша тој.