Apple ги патентира сите свои развојни призводи дури и да станува збор за нешто елементарно како хартиена кеса. Компанијата има добиено патент од американските институции токму за својата нова хартиена кеса, која ја користат нејзините продавници, соопштува интернет изданието TheNextWeb.

Излезе дека дури и хартиени кеси може да бидат комплицирани. Apple вложила доста напори за својот развој дури и тоа да не се гледа.
Торбата е со два одделни слоја. Внатрешниот е изработен од бела хартија, која е барем 60% рециклирана. Освен тоа таа е зајакната по рабовите, за да не се скине. Поставена е во поголема надворешна торба, која пак има посебни рачки.
Кај нормалните хартиени кеси рачките се груби, лесно се кинат и не се пријатни за носење. Apple ги преработеила рачките на својата торба, за да ги направи повеќе меки и комфорни. Тие исто така се од хартија, но тоа е во форма на тенка ролна како врска за подигнување. Изградена е од повеќе испреплетени нишки што и даваат флексибилност и цврстина.
Хартиената кеси е дел од целокупната филозофија на Apple да обрнува внимание на сите детали од т.н.. корисничко искуство. Токму поради дополнителната доработка компанијата ја патентира, иако тоа тешко ќе ги укине нејзините копии.