„Apple“ го одложи сонот вреден 1 трилион долари поради слабата продажба на iPhone за празниците

од Vladimir Zorba

„Apple“ ќе мора привремено да го одложи својот сон да стане компанија вредна 1 трилион долари, бидејќи во последниот квартал продажбата на iPhone е пониска од очекуваното и покрај празничната сезона.

Пад од 1 отсто е доволен за да го пропушти ИТ гигантот својот финансиски врв, но генерално, на Apple му оди добро.

Приходите од продажбата на iPhone се за 13 проценти повеќе во однос на истиот период пред една година, што значи дека компанијата успева да заработува повеќе од истиот број телефони. Така, очигледно, нејзините повисоки цени не се пречка и тие го неутрализираат помалиот број на продажби.

Според аналитичарите, тоа покажува дека „Apple“ изгледа навистина успева да создаде нов вид пазар за корисници кои немаат проблем со многу високи цени. Освен тоа пристапот на компанијата со три iPhone модели истовремено може да биде профитабилен, иако засега се уште останува предизвикот како доволен број на корисници да се поттикнат да ги сменат апаратите со следната генерација.

Вол Стрит го нарекува ова „суперциклус“ – голем бран надградби, што ќе ги зголеми и продажбите, и приходите.

Приходот на „Apple“ во изминатиот квартал изнесува 88,3 милијарди долари, а моментално 1.3 милијарди уреди се користат активно.

Слични содржини