Apple ја обнови серијата MacBook Pro со помоќен хардвер

од Vlatko K
81 прегледи

Денес Apple изненадувачки објави дека ја обновува серијата MacBook Pro со воведување на нови модели со побрз хардвер и подобрени екрани. Подобрувањата сигурно ќе им се допаднат на лојалната група на потрошувачи професионалци, како што се развивачите на софтвер, видео-монтажерите или фотографите кои обработуваат слики.

Новите модели кои повторно се нудат со дијагонала на екранот 13 и 15 инчи, обезбедуваат подобрувања како дополнителна RAM и меморија за складирање на датотеки, поживописни дисплеи, побрзи процесори и потивки тастатури. Според Apple, новиот MacBook Pro 15 е 70% побрз од претходниот модел, а помалиот уред е два пати побрз од својот претходник.

Лаптопите добиле дисплеи со технологија True Tone, која ја менува температурата на бојата според околните услови, а освен тоа се здобиле со чип Apple T2, кој ја подобрува заштитата на информациите и прави можно додавање на гласовно управување со командата Hey Siri за првпат во компјутерите на Apple. Лаптопите вклучуваат побрзи процесори на Intel, а нивната цена започнува од 1.799 долари за помалиот уред и 2.399 долари за поголемииот.

Карактеристики за 15-инчниот MacBook Pro
6-јадрени процесори Core i7 и Core i9 процесори до 2.9 GHz (4.8 GHz со Turbo Boost)
До 32GB DDR4
Графички систем Radeon Pro 4GB
До 4TB SSD меморија
True Tone дисплеј
Чип Apple T2
Touch Bar и Touch ID

Карактеристики за 13-инчниот MacBook Pro
4-јадрени процесори Intel i5 и i7 процесори до 2,7 GHz (4,5 GHz со Turbo Boost)
Графички систем Intel Iris Plus 655 128MB eDRAM
До 2TB SSD меморија
True Tone дисплеј
Чип Apple T2
Touch Bar и Touch ID.