Apple ќе го зголеми животниот век на батеријата на iPhone со нова технологија

од Vlatko K
83 прегледи

Времетраењето на батеријата на iPhone традиционално изнесува 8-10 часа, и Apple e без многу иновации во овој поглед. Според аналитичарите на IHS Markit, има време тоа да се промени. Според нив, компанијата треба да ги замени полисиликонските транзистори (LTPS TFT) во OLED дисплеите со нискотемпературен поликристален оксид (LTPO TFT). Ова може да ја зголеми издржливоста на батеријата до 15% благодарение на намалената потрошувачка на енергија. IHS сугерира дека новата технологија прво ќе биде претставена на Apple Watch, по што ќе следи о iPhone.

Извештајот на IHS исто така споменува дека LG најверојатно ќе биде вклучен во производството на флексибилни OLED дисплеи за паметниот телефон. Така не само Samsung е вклучен во нивното производство. Во моментов, двете компании испорачуваат дисплеи за Apple Watch, а за LG претстои да добие квалификации, за преземање на екраните на iPhone. Најверојатно Apple ќе побара од нив варијанти за LTPO TFT дисплеи, откако е можно и компанијата да се преориентира кон комапниите JDI и BOE кои веќе имаат случувања во областа.

IHS Markit не се ангажира со рокови за имплементација на новата технологија, но ако информациите се веродостојни, не по долго ќе се радуваме на iPhone модели со подолг живот на батеријата.