Apple автоматски ќе ја сподели со американските власти локацијата на американските корисници, при бирање на итен телефон 911, објави CNBC.

Новата функционалност ќе биде дел од iOS 12 – идната надградба на софтверот за iPhone и iPad, откако ќе помага на итните тимови да ја најдат брзо локацијата на оние во потреба.
Оваа функција ќе работи само во САД.
Во 2015 година, Apple ја пуштија Hybridized Emergency Location (HELO) што дозволуваше потврдување на локацијата на оние кои ѕвонеле на 911 на база на неговата точка на пристап кон мрежата – како Wi-Fi мрежа и сл.
Новото ажурирање ќе користи технологија наречена RapidSOS.
Apple велат дека информациите за локацијата на корисниците нема да може да се користи за секој случај, кој не е итен, откако само операторите во центарот на итни случаи број 911 ќе имаат пристап до овие податоци.
Во 2015 година Федералната комисија за комуникации даде зелено светло на мобилните оператори да им дозволат на итните центри да идентификуваат локации со точност до 50 метри до 2021 година. Apple велат дека нивниот iOS може да го прави тоа и сега.
„Заедниците се потпираат на 911 центрите во итни случаи, како што ние веруваме дека тие треба да располагаат со најдобра можна технологија“, вели извршниот директор на компанијата Тим Кук во соопштението.