Околу 90% од полначите, кои се продаваат во Amazon се лажни. Ова го покажува студија на Apple, што е во основата на новата тужба кој компанијата против производителот Mobile Star LLC, соопштува интернет изданието Patently Apple.Вопоследните 9 месец Apple купила и анализирала над 100 полначи од различни дилери во Amazon. Се покажало дека во 90% од случаите полначите се лажни. Проблемот се усложнува бидејќи Amazon ги означил предметните полначи како оригинални, а веројатно компанијата била измамена од трговците.

Првично Apple се поврзале со Amazon, за да побара повеќе детали. Од компанијата изјавиле дека повеќето полначи доаѓаат од компанијата Mobile Star LLC. Предметните уреди не поминале тестови за квалитет ниту безбедносни проверки. Според Apple лажните полначи се подложни на прегревање и самозапалување, а има ризик и од струјни удари. Покрај тоа Mobile Star го користела незаконски логото на Apple на предметните уреди.
Apple побара од судот да го забрани увозот на овие полначи во САД, како и конфискација и уништување на сите лажни копии. Пред онлајн изданието 9to5mac Amazon коментира дека има нулта толеранција за продажба на фалсификувана стока и ќе помогне во решавањето на проблемот. За сега онлајн продавницата не е наведен како страна во случајот.