Apple Pay достапен и во Македонија

Со ова, македонските корисници добиваат можност за побрзо, побезбедно и поедноставно плаќање

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Од денеска, корисниците на уреди од Apple во Македонија конечно можат да користат Apple Pay, благодарение на НЛБ Банка, која прва од македонските банки ја активираше оваа дигитална платежна услуга.

Со ова, македонските корисници добиваат можност за побрзо, побезбедно и поедноставно плаќање, пишува „Бизнис инфо“.

Иако сè уште нема официјално соопштение од самата банка или од Apple, услугата е веќе активна за дел од корисниците, што претставува значаен чекор во дигитализацијата на банкарските услуги во земјава.