iPhone SE повторно се враќа во онлајн продавницата на Apple, притоа со голем попуст.
Верзијата од 32GB на популарниот мал iPhone чини само 249 долари, додека онаа со 128GB простор
за складирање – 299 долари.

Попустот е привремен и iPhone SE доаѓа во сите можни бои – вклучувајќи сива, сребрена, златна и
розово златна.
И покрај тоа што се базира на хардверот на iPhone 6, SE се уште е пргав телефон и ги нуди сите
најважни карактеристики што ги бара модерниот корисник. Како Touch ID, адекватна 12-
мегапикселна камера, поддршка за Apple Pay, Siri и Bluetooth.
Последниот пат, кога Apple го пушти во продажба SE, паметниот телефон се продаде за минимално
време. Односно, ако сакате да ја искористите американската понуда, тогаш побрзајте.