Apple доби патент за екран на преклоп, кој може да го користат iPhone и други уреди. Патентот,
издаден во вторникот од страна на Американското биро за патенти и трговски марки, опишува
електронски уред со дисплеј и капак, кои се флексибилни или можат да се преклопуваат. Барањето
е поднесено во јануари 2018 година и е меѓу серијата на патентни пријави кои Apple ги има
направено околу идејата за дисплеј на преклопување.

Во минатото, Apple имаше поднесено патенти за флексибилен дисплеј и делови кои се отвораат и
затвораат како книга, како и флексибилен iPhone, кој може да се склопи половина и да прибере во
џебот. Во секој случај, ниту еден од овие патенти не беше комерцијално имплементиран.
Според некои аналитичари, овој пат случајот е различен и е сосема можно наскоро да станеме
сведоци на опишаните во патентот флексибилни уреди. Очекуваните рокови се крајот на 2020 или
почетокот на 2021 година.