Apple во неволја: Им се заканува најголемо забавување на растот во последните 20 години

од Vladimir Zorba
445 прегледи

По лансирањето на iPhone во 2007 година, Apple започна револуција во телекомуникациите.

Тој модел на паметни телефони ги постави темелите на тој индустриски сектор и го поттикна Apple до пазарна вредност од повеќе од три трилиони американски долари. Но, во последните неколку месеци ситуацијата почна да се менува.

Компанијата се соочи со притисок од растечката конкуренција и регулатива, намалувањето на куповната моќ и низа правни предизвици кои ја доведоа на работ на својот најдолг пад во повеќе од две децении.

На почетокот на годината, аналитичарите од Волстрит најавија второ намалување на рејтингот на акциите на Apple, што е сигнал за инвеститорите дека оваа година може да биде побурна за „јаболката“ отколку што се навикнати.

На почетокот на оваа недела, Apple почна да плаќа 500 милиони долари на клиентите по долготрајна колективна тужба поради тврдењата дека намерно забавил одредени модели на iPhone во САД.

Царината на САД му зададе уште еден удар на гигантот од Купертино со пресудата дека тие не направиле доволно за патентните проблеми кои влијаат на продажбата на новото издание на паметниот часовник Apple Watch.

Компанијата, исто така, беше изоставена од трката за развој на напредни системи за вештачка интелигенција, каде што беше престигнат од Microsoft (и во еден момент беше надминат по пазарна вредност).

Аналитичарите долго време предупредуваат дека заситеноста на пазарот на паметни телефони ќе донесе проблеми и нови предизвици за Apple, пишува Sky News. Дали оваа година конечно ќе почнат да се остваруваат застрашувачките прогнози?

Слични содржини