Апсењето на синот на Ел Чапо предизвика МАСАКР на улиците: Ситуацијата наликува на војна, картелот пука и во цивилни авиони

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Најмалку 29 лица ги загубија животите за време на криминалните судири меѓу армијата и нарко картелот Синалоа, кои следеа по апсењето на Овидио Гузман Лопез, син на Хоакин Гузман Лоера, еден од најозлогласените нарко босови во светот, попознат по прекарот Ел Чапо.

Како што опишаа мексиканските власти, ситуацијата на улиците во моментов потсетува на вистинска војна. Во пресметката досега загинаа 10 војници и 19 членови на криминална организација.

„Битката“ ја започнаа членовите на картелот кои сакаа да спречат екстрадиција на нивниот „покровител“. Тие пукаа кон мексиканските војници со митралези од 50 мм, на што армијата одговори со напад од борбени хеликоптери.

Тие извршија напад на 25 гангстерски возила, вклучително и камиони опремени со артилериски гнезда.

Картелот Синалоа потоа возврати на нападите на хеликоптерите, принудувајќи ги двата „црни јастреби“ да слетаат откако секој од нив беше погоден по десетина пати.

Неколку минути подоцна, голем број вооружени млади момчиња се појавија на меѓународниот аеродром во градот Кулијакан и нападнаа млазни авиони, воени и цивилни.

Но, целта им пропадна бидејќи властите очекувале отпор, па овој нарко-бос веднаш го натовариле во воен хеликоптер за директно да се префрли во Мексико Сити.

Сите влезови во градот беа блокирани, а слични настани се случија и во други делови на Мексико каде што дејствува нарко картелот Синалоа.

Овидио Гузман беше обвинет во САД во 2018 година за шверц на дрога.

Според владите на САД и Мексико, Гузман меѓу неговите браќа почнал да презема сè позначајна улога во продолжувањето на бизнисот на нивниот уапсен татко „Ел Чапо“ Гузман, заедно со долгогодишниот шеф на нарко картелот Синалоа, Исмаел „Ел Маја“ Замбада.

Секретарот за надворешни работи на Мексико, Марсело Ебрард, потврди дека владата во Мексико Сити добила барање од САД во 2019 година да го уапси Гузман Јуниор за екстрадиција. Тоа барање ќе биде спроведено, но Гузман прво се соочува со судење во Мексико.

Слични содржини