“Четворица граѓани од Пирот, Димитровград и Чуприја се уапсени од полицијата поради сомневања за земање поткпуп со цел издавање на лажни документи за добивање бугарски пасош.” Ова го објави Министерството за внатрешни работи во Србија.

“Приведени се 60-годишниот М.Ж., кој работел во Општината на град Пирот, 38-годишниот лекар А.И. од Димитровград, 39-годишниот Д.М. од Димитровград и 68-годишниот В.И. од Чуприја . Сите тие се осомничени за давање и земање поткуп со цел издавање на лажни документи за добивање бугарски пасоши “, се вели уште во официјалното соопштение на српското Министерство за внатрешни работи.
Според истрагата ДМ од Димитровград и VI. од Чуприја во последните две години плаќале на лекар од Димитроврад да издава лажни медицински уверување без да бидат извршени прегледи за лица од Србија и потоа се плаќале на чиновници од општината во Пирот на истите тие лица да бидат издавани уверување дека имаат бугарско потекло . Подоцна овие уверувања се поднесувале на државните органи во Бугарија за издавање на бугарски пасоши “, пишува во соопштението.
ЗА сите притвореници, е издаден 48-часовен притвор. Потоа сите ќе бидат предадени на обвинителството. Полицијата не наведува дали овие апсења се поврзани со полициската операција во Бугарија и притворањето на претседателот на Државната агенција за Бугарите во странство