Апсење на Онкологија, вработен барал 100 евра за да ѝ издаде рецепт на пациентка

од Берта Китинска
271 прегледи

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) вчера до скопското обвинителство поднесе кривична пријава против К.У.(24) од Дебар, за сторено кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по член 357 од Кривичниот законик.

К.У., вработен во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, за да издаде терапија од аптеката на клиниката за пациентка, по издаден медицински извештај од лекар од клиниката за месеците септември и октомври 2022 година, побарал парична награда – поткуп во износ од 100 евра и истите ги примил на средба со пациентката на 21.10.2022 пред влезот на клиниката.

Исто така, претходно, во месец август 2022, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе по издадена терапија на пациентот, побарал и примил од истата пациентка парична награда во износ од 50 евра.

По пријавување на случајот од страна на пациентката во ОСОСК, преземени се мерки и активности и на 21.10.2022, на средба помеѓу нив двајца пред задниот влез на клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, откако истиот ѝ ги побарал паричните средства за две последователни терапии, пациентката му ја дала паричната награда – банкнота во апоен од 100 евра, по што истиот е лишен од слобода и при извршен преглед во полициска станица, кај него е пронајдена банкнотата во апоен од 100 евра.

Слични содржини