203
Денеска (31.10.2022) во 11.40 часот во с.Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода М.Б.(26) и С.М.(28), двајцата од с.Сопот.
При преглед во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени четири лица мигранти од Куба, од кои еден малолетник. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар.