Апсолутен триумф на „Паразит“ на вечерашните Оскари

од Elena Daskalova
571 прегледи

Џејн Фонда ги најавуваше номинираните за Најдобар филм на овогодинешните Оскари, а за статуетката се бореа дури 9 филмови.

Меѓу нив беа „1917“, „Форд против Ферари“, „Џокер“, „Беше еднаш во Холивуд“, феноменот „Паразит“, „Ирецот“, „Малите жени“, „Зајакот Џоџо“ и „Приказна за бракот“.

Оскарот овојпат замина, сосема неочекувано, кај „Паразит“, иако најголемите фаворити беа „1917“, „Џокер“ и „Ирецот“.

„Не очекувавме вакво нешто, многу сме среќни“, изјави екипата на „Паразит“ на оскаровската сцена.

Токму во Долби театарот беше испишана историја бидејќи не освен што филмот е прв јужнокорејски филм кој бил воопшто номиниран за Оскар, туку е и првпат странски филм да ја добие оваа неверојатно престижна филмска награда.

Со ова, „Паразит“ е и апсолутен шампион на вечерта, освојувајќи Оскари за Најдобро оригинално сценарио, Најдобар интернационален филм, Најдобра режија и секако Најдобар филм.

Слични содржини