Ар Кели осуден на 20 години затвор за педофилија

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Американскиот рапер Ар Кели (56) денеска е осуден на 20 години затвор поради детска порнографија и подведување малолетници, објави Си-Ен-Ен.

Тој веќе отслужува 30-годишна затворска казна, почнувајќи од 2021 година, откако беше осуден за рекет и сексуална трговија во федералниот суд во Њујорк.

Американскиот окружен судија Хари Лајненвебер денеска изјави дека 19-те години затвор на Ар Кели ќе течат истовремено со неговата претходна казна од 30 години.

Слични содржини