Сестрите на пејачот осудени на 30 години затвор шокираа со изјава: „Тој е жртва“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачот Ар Кели е осуден на 30 години затвор, а на пресудата и претходеа децениски обвинувања против него.

Сега се огласија неговите сестри и ги шокираа сите со своите изјави.

Тие се обидоа да го одбранат својот брат и тврдеа дека е невин, па дури и дека е жртва. Во разговор со новинарот Ноел Филипс, тие рекоа дека причината за оваа пресуда е всушност расизмот.

Една од сестрите на Ар Кели, Касандра, рече дека Афроамериканците секогаш се третираат неправедно.

„Над седумдесет проценти од обвинетите кои не се бели се осудени во судски постапки. Тоа не значи дека се виновни. Само затоа што е осуден, не значи дека е виновен. Ако направил нешто погрешно… Никој од нас не е совршен, но тој не е чудовиште. Тоа што го рекоа за него, дека ги држел жените како заложници, а ги третирал тие жени како кралици, не верувам во тоа. Едноставно нема смисла“, рече таа.

Таа додаде дека Ар Кели не морал да ги држи жените во заробеништво, бидејќи тие сами му пришле. Сестрите на американскиот пејач се осврнаа и на обвинувањата против него дека бил со малолетни девојчиња.

„Можам да кажам дека беше со помлади жени. Но, што се однесува до малолетните девојки, од каде воопшто ви е тоа?“, рекла сестрата на Кели, Лиза, а водителката коментирала дека на суд е докажано дека се оженил со извесна Мери, кога таа имала 15 години, на што Лиза одговорила: „Не знам дека се оженил со неа. Не сакам да зборувам за тоа“.

Сепак, една изјава привлече најголемо внимание, а се однесува на жртвите од целата оваа ситуација.

„Да има жртви, би го признала тоа. Но, од она што го видов на суд и од она што го прочитав, заклучив дека единствената жртва е Роберт“, рекла сестрата на Кели.

Да потсетиме дека девет жени и двајца мажи детално опишаа како пејачот сексуално ги злоставувал и понижувал.

Слични содржини