Арачиновци платиле 6 милиони евра данок за 2023 од вкупно 2675 домаќинства, велат од општината

од Nikola Popovski
282 прегледи

Арачиновци не плаќаат данок е веќе минато, порачаа од општина Арачиново. Ова следува откако градоначалникот на општината, Ридван Ибраими ги презентирал податоците за 2023 година во делот на собрани даноци.

Се наведува дека општина Арачиново од вкупно 2675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422% раст.

-Претставникот на УСАИД, Бардил Марку во однос на соработката и резултатите за општина Арачиново цело време зборуваше во суперлатив, и ја нарече Арачиново „успешна приказна“. УСАИД исто така ја пофали општина Арачиново и во делот на фискалната транспарентност како општина со најголем раст во 2023 година, стои во соопштението од општината.

Според најновите истражувања, општина Арачиново од 16 максимални индексни поени освоила 12, што е најголем раст, а исто така бележи значително голем раст и во активната транспарентност.

-Арачиново не е веќе ,,црна овца“, туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со многу по големи општини и финансиски посилни од нас, но нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, рекол меѓу другото градоначалникот Ибраими во своето обраќање на презентацијата.

Слични содржини