189
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Б.(39) од с.Арачиново, Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” по член 249 од Кривичниот законик.
На 09.12.2022 пријавениот ја употребил личната карта на брат му и се обидел да доведе во заблуда вработен во финансиско друштво и на тој начин да подигне кредит во негово име.
Лицето не успеало во намерата и по преземени мерки му е поднесена пријавата.