136
Непознати сторители ограбиле црква во скопски Аеродром. Немилиот настан се случил ноќта меѓу понеделник и вторник.
-На 21.01.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 15:00 часот на 20.01.2025 до 07:00 часот на 21.01.2025 со употреба на сила било влезено во црква на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, при што биле одземени пари, стои во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.