Арапите му даваат неверојатни пари на Ван Дајк

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк добил примамлива понуда од Саудиска Арабија, на која размислува, пишува весникот „Екип“.

Договорот на дефанзивецот со „црвените“ истекува на лето и се уште не е обновен, со што е голема веројатноста тој да си замине, а самиот тој неодамна изјави дека не знае што ќе се случи.

Се верува дека Ал-Хилал од Саудиска Арабија е подготвен да му плаќа 17 милиони фунти по сезона, што го става 33-годишниот играч во прилично сериозна дилема. Како што е познато, многу фудбалери во последно време ги претпочитаат сериозните пари кои доаѓаат од овој дел на светот, а особено за играчите кон крајот на кариерата, ова изгледа како сосема логичен чекор.

По мечот со ПСЖ, Ван Дајк ги посрамоти навивачите на Ливерпул откако беше фотографиран во прилично пријателски разговор со претседателот на францускиот клуб, Насер Ал-Хелаифи (на фотографијата), но не се разговарало за неговата потенцијална преселба во Париз.

Со оглед на сигурната титула на „црвените“, лесно би се објаснило потенцијалното заминување во моментов, што важи и за другите ѕвезди на тимот како Мо Салах и Трент Александер-Арнолд, кои исто така најверојатно ќе заминат.

Слични содржини