37
Дефанзивецот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона – Роналд Араухо за неколку дена ќе потпише договор со Јувентус, пренесува La Repubblica.
Според изворот, торинскиот клуб ќе го земе на позајмица 25-годишниот Уругваец. Играчот следната недела ќе пристигне на лекарски прегледи во Италија. Дефанзивецот се опорави од повредата поради која пропушти околу шест месеци.
Договорот на Араухо со Барселона е до летото 2026 година.