
Се чини дека Меган Маркл и принцот Хари имаат слатки планови за денешното славење на првиот роденден на нивниот син Арчи, а пандемијата од коронавирус нема да ги спречи да прослават во Мајами, кој стана нивни нов дом откако и официјално се откажаа од нивните кралски титули.
Прославата веќе започна, со читање на книгата на малиот Арчи, кое Меган одлучи да го сподели со целиот свет за да го одбележи неговиот посебен ден.
Со синот во скутот и гордиот татко Хари зад камерата, Меган на Арчи му чита една од неговите омилени книги, „Патка! Зајак“. Инаку, ретко го гледаме Арчи во јавност, па ваквото снимање на него како се смее и ја проучува книгата ги воодушеви неговите фанови.
Видеото беше објавено на Инстаграм од страна на добротворната организација „Save the Children UK“ за да собере средства за деца и нивните семејства кои се во тешки животни ситуации во Велика Британија и низ целиот свет заради коронавирусот. Бројни sвезди како Еди Редмеин, Џенифер Гарнер и Лили Џејмс учествуваа во истата кампања.
Кејти Никол, експерт за животите на членовите на британското кралско семејство, за OK! списанието откри што можеме да очекуваме од денешната прослава.
„Меган е одличен готвач и сака да биде креативна во кујната, затоа мислам дека ќе биде зафатена со подготовка на роденденска торта за Арчи. Најверојатно тоа ќе биде органска торта, без шеќер, нешто здраво за нејзиниот син. Ако времето е добро, мислам дека ќе се забавуваат во базенот. Арчи веќе има се што може да посака, па затоа нема да трошат пари за играчки и облека како подароци. Подароците ќе бидат добредојдени, но ќе ги ценат повеќе оние што имаат сентиментална вредност или нешто како донации за добротворни цели на децата или за спасување животни во дивината“, вели Кејти.
Се верува дека кај семејството се сместена дадилка, куќна помошничка и приватни бодигарди, но и покрај тоа, Арчи ќе се одгледува поинаку од неговите кралски роднини во Велика Британија.
„Тој ќе зборува со американски акцент и ќе доживее сосема поинаква култура. Тој ќе се дружи и со децата на холивудските sвезди и ќе биде најпопуларното и најбарано друштво за играње“, заклучи експертот.
Во пресрет на роденденот на Арчи, принцот Хари реши да ја задоволи својата сопруга и да ги продаде ловџиските пушки вредни 50.000 фунти и да се откаже од ова хоби што го практикуваше скоро цел живот, пренесува „The Sun“.
„Мојот пријател ги купи затоа што ги сакаше, не затоа што тие му припаѓаа на Хари и тој не сака да се фали за тоа“, рече анонимен пријател на купувачот на оружјето на Хари.
Експертите претходно предвидоа дека Хари ќе се реши на овој потег, со оглед дека Меган не сака лов.