Ардa Туран направил штета од 230.000 евра во луксузна вила во Барселона

од Vladimir Zorba

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид и Барселона, Арда Туран е тужен од сопствениците на луксузна куќа во Барселона поради огромната штета.

Сопственикот на куќата за весникот „Периодико де Еспана“ детално раскажал за што се работи. Станува збор за штета од 230.000 евра. Провинцискиот суд на Барселона е надлежен за овој процес.

Сопственикот на куќата од 18.000.000 евра со чудење се присетува како Арда Туран многу малку се грижел за тој луксузен имот. Всушност, тој тврдеше дека кога фудбалерите биле отсутни, неговите пријатели правеле бурни забави кои направиле голема штета, а коментирал и дека ги користеле завесите како „сексуално помагало“.

Ништо подобра не беше ситуацијата ниту кога турскиот фудбалер бил во куќата.

Оставале изгореници од цигари насекаде, дури и на мебелот. Кога гледале фудбал и кога ќе се дадело гол, во зависност од тоа кој го дал, го фрлаа далечинскиот управувач кон телевизорот вреден илјада евра!

Дополнително, Туран одлучил да ја дезинфицира куќата, според написот, за да ги елиминира биолошките остатоци на претходните „немуслимански“ станари.

Туран периодот од 2015 до 2020 година го помина во Барселона, со тоа што веќе беше испратен на позајмица во Башакшехир во 2018 година.

Слични содржини