Ареаза: ЦИА стои зад обидот за соборување на Мадуро

од desk4
99 прегледи

Зад обидот да се собори претседателот на Венецуела Николас Мадуро стои американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), изјави венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза.

-Постои целосен план на ЦИА и опозицијата на Венецуела да се собори власта на Николас Мадуро и да се преземе контрола над природните ресурси во земјата, кои му припаѓаат на народот. Тоа се обидуваме да го спречиме. Не сакаме народот на Венецуела да страда, изјави Ареаза на прес-конференција во Москва.

Според него, властите во земјата барале состанок со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

-Американската администрација би требала да дозволи опозицијата на Венецуела да седне на преговарачка маса со нас, рече Ареаза.