Маестралната џез пејачка Арета Френклин откри за списанието “Билборд”, дека се надева оти во јануари ќе биде подготвен последниот албум. Тој ќе вклучува колаборации со Стиви Вондер, Елтон Џон и Лајонел Ричи.
Сè уште не е јасен точниот број на парчиња, бидејќи музичката икона сè уште се двоуми дали да се вкупно 10 или 11.
Пред неколку месеци Френклин објави дека се повлекува и овој албум ќе биде последниот нејзин музички проект.
Сега, сепак 75-годишната “Кралицата на соул” призна дека би се радувала ако се покаже во можност да направи и една проштална турнеја – било да е тоа дури и со само два датуми.
Во својата кариера Френклин освои 18 награди “Греми и е призната за главна фигура во соул, џез и госпел музиката.