Аргентина ја чека одлуката на Меси

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Фудбалската репрезентација на Аргентина докажува дека може да победи и без Лионел Меси. Со оглед на тоа што „гаучосите“ обезбедија пласман во финалето следната година, сепак, главното прашање е дали 37-годишната ѕвезда ќе игра на својот шести турнир и повторно ќе се обиде да ja освои шампионска титула.

И тренерот Лионел Скалони признава дека негова желба е да ја има мегаѕвездата во своите редови. „Ќе видиме што ќе се случи, но пред се треба да земеме во предвид дека дотогаш има многу време. Мора да одиме натпревар по натпревар, инаку се плашам дека на секоја прес-конференција, на секое интервју ќе зборуваме за истото до крајот на годината. Мора да го оставиме на мира, ќе видиме“.

Темата стана поактивна откако Аргентина си загарантира учество на СП 2026 година и до крајот на квалификациите, натпреварите не и се особено важни. Аргентинците ги совладаа Бразил со 4-1 и Уругвај со 1-0 во последните два меча, и двата без Меси на теренот, кој не беше во можност да игра поради повреда на адукторот.

Сепак, Родриго де Пол – еден од најважните играчи во аргентинската репрезентација во моментов – не се сомнева во тоа што треба да се случи: „Најдобриот учинок на аргентинските репрезентации е секогаш кога бројот 10 е на теренот. Нашиот број 10. Затоа што тој е едноставно најдобриот на сите времиња. Дали треба да коментираме дали има или нема место во групата за следната година?“

Слични содржини