Аргентина: Поради жештините на учениците им е дозволено да доаѓаат на училиште во костими за капење

од Radmila Tasevska
153 прегледи

Поради топлотниот удар што зафати неколку региони на Аргентина, едно училиште во градот Росарио донело необична одлука: учениците од пониските одделенија можат да доаѓаат на училиште во костими за капење и да се прскаат со вода за време на одмор, објавија локалните медиуми.

Топлотен бран веќе две недели ја зафаќа провинцијата Буенос Аирес и уште неколку провинции на северот на Аргентина, соборувајќи ги температурните рекорди.

Ова е најжешкото лето од почетокот на мерењата во 1906 година во Буенос Аирес, односно најтопло од 1961 година на ниво на целата земја.

Слични содржини