Аргентина: Потврденa безбедноста на „Спутник V“

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Најчестите несакани ефекти на вакцината „Спутник V“ се главоболки и треска, покажува студијата на Министерството за здравство на Аргентина. Ова е целосно во согласност со податоците од упатството за употреба на препаратот.

Студијата покажа дека повеќе од 38.000 несакани ефекти се случиле за време на употребата на „Спутник V“, што може да биде поврзано со вакцинација (или 548,73 случаи на 100 000 дози на вакцина, што е 0,5 проценти и 2,78 случаи на сериозни реакции на препаратот на 100.000 дози вакцина). Притоа, аплицирани се вкупно 6.964.344 дози на руски вакцини.

Според статистичките податоци, имало 15.278 случаи со главоболка, болки во мускулите и зглобовите и 14.397 случаи со треска проследени со главоболка и болки во мускулите и зглобовите.

Додека при употреба на препаратот „АстраЗенека“ имало 3.543 несакани ефекти (132,34 на 100 000 примени дози и 3,07 тешки реакции на 100 000 дози). Користени се вкупно 2.305.351 доза на овој лек. „Синофарм“ имале 1.270 случаи на реакции (34,61 на 100 000 дози и 1,19 тешки реакции на 100 000 дози), а беа дадени 3,531,420 дози на вакцини.

Од почетокот на вакцинацијата, идентификувани се вкупно 45.728 реакции кои можат да бидат поврзани со вакцинацијата. Користени се вкупно 12.801.115 дози на вакцини од различни производители. Од 45.728 случаи, 307 реакции биле од посериозен тип, односно е неопходна хоспитализација на пациенти, се наведува во извештајот.

Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) објави дека истражувањето на Министерството за здравство на Аргентина ја потврди безбедноста на вакцината против коронавирусот на „Спутник V“

„Новите податоци од Министерството за здравство на Аргентина ја потврдуваат високата безбедност на вакцината „Спутник V“. Случаи со сериозни несакани ефекти кои бараат хоспитализација на пациенти се ретки и изнесуваат само 0,0027 проценти од случаите“, соопшти Фондот.

Слични содржини