Аргентинска легенда: Роналдо немаше да се крие како Меси

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Легендарниот аргентински голман Хуго Гати го критикуваше капитенот на репрезентацијата Лионел Меси за неговата одлука да не игра во контролниот меч со Шпанија, која се претвори во вистинско понижување за „гаучосите“, кои изгубија со 1:6.

Меси избра да ги погледне од трибините перформансите на неговите соиграчи, кои без него одиграа еден од најлошите натпревари во целата своја историја.

„Меси мораше да игра против Шпанија. Луѓето сакаа да го видат на теренот. Сигурен сум дека ако Кристијано Роналдо беше на негово место, немаше да го пропушти овој натпревар“, изјави за локална телевизија 73-годишниот Гати, кој има 18 натпревари за националниот тим на Аргентина.

Според поранешниот голман, кој игра рекордни 26 години во елитата на аргентинскиот фудбал, вклучувајќи вкупно 16 за гигантите Ривер Плата и Бока Јуниорс, Меси е важен за националниот тим, но не треба играта да се фокусира само на него.

„Не мислам дека Меси сам го менува обликот на целиот тим. Тој е важен, но не верувам дека еден играч сам може да прави нешто. Затоа и Сампаоли не треба да ја организира играта целосно околу него“, изјави уште Гати.

Слични содржини