Аргентинскиот фудбалер Родриго Гаро, кој го носи дресот на бразилски Коринтијанс, додека бил на одмор во родниот Џенерал Пико, налетал на мотоциклист со каминонет, кој починал на лице место.
Според полицискиот извештај, Гаро возел под дејство на алкохол, што било потврдено со алкотест.
Иако беше позитивен, Гаро по несреќата беше привремено пуштен додека не се утврдат сите околности на настанот. Полицијата ја истражува брзината, сообраќајните знаци и други можни фактори кои придонеле за несреќата.
„Мора да се утврди се – брзина, знаци, сообраќајни услови и секој друг фактор што можел да влијае на судирот“, велат истражителите.
Гаро соработува со властите, дал исказ, а неговото сведочење се споредува со снимките од безбедносните камери и изјавите на сведоците.
Тамошните медиуми наведуваат дека на 27-годишниот фудбалер му се заканува казна затвор од две до пет години поради можно обвинение за убиство од небрежност, особено поради присуство на алкохол во крвта. Но, постои и можност истрагата да покаже дека е невин.