Аргентинскиот претседател заразен со коронавирус

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез е заразен со нов вид коронавирус.

Фернандез беше подложен на тестирање на коронавирус врз основа на мало зголемување на телесната температура и главоболка, а тестот беше позитивен.

„Денес добив позитивен резултат од тестот за антитела на кој бев подложен поради температура од 37,3 и блага главоболка. Иако ги чекам резултатите од ПЦР тестот, јас сум во изолација и го следам пропишаниот протокол и ги следам упатствата на докторот“, напиша Фернандез на социјалната мрежа Твитер.

Тој посочи дека ги известил луѓето со кои бил во контакт во последните 48 часа за резултатите.

„Се чувствувам физички добро, иако не сакав да го завршам роденденот со вакви новости, а расположението е добро. Благодарам на сите што се сетија дека ми е роденден и испратија пораки за љубов и поддршка “, рече Фернандез.

На 21 јануари 2021 година, претседателот на Аргентина ја прими првата доза на вакцина против КОВИД-19 – Спутник Ве.

Слични содржини