Постојат дерби натпревари кои се подобри, поскапи, попопуларни. Но, тие немаат сè што има Суперкласико помеѓу Бока и Ривер за да се сметаат за најголемо во светот, а дуелот помеѓу Боке јуниорс и Ривер Плата е токму таков затоа што е невообичаен, нелогичен и посебен.
Синоќа се играше Суперкласико, во кое имаше што да се види. Убави потези, брутални стартови, голмански паради, а можеби најинтересниот детал од натпреварот се случи во 90-та минута.
Во Аргентина веднаш започнаа приказни за паранормалните појави и духот на Армандо Диего Марадона, кој се појави на гол-линијата и спречи топката да влезе во мрежата.
Тоа дури го рече еден од коментаторите во телевизискиот пренос?! Но, тоа е Аргентина … Фудбалот е религија таму, Марадона е божество, па некако се очекува да веруваат во некои натприродни феномени. Духовитите луѓе веднаш прикачија разни мемиња на кои се гледа Марадона како ја враќа топката од гол линијата.