Аргировски: Најниската пензија треба да изнесува 20.000 денари

од Берта Китинска
1,4K прегледи

Пензионерите револтирано реагираат дека зголемувањето на септемвриската пензија за 6,8% не само што не е доволно, туку е и понижувачко во услови кога покачувањето на цените е секојдневно, а животниот стандард постојано тоне. Како особено проблематично го посочуваат фактот дека најмалку ќе добијат пензионерите со најниски пензии или само 699 денари, а најмногу оние со највисоки, односно 4100 денари. Во вакви економски кризи е потребна солидарност, вели за Локално, Драги Аргировски, екперт за проблематика поврзана со Трето доба.

“Голем дел од средствата во пензискиот фонд доаѓаат од буџетот, тоа се народни пари, затоа и треба солидарност, треба повеќе да се зголемуваат пензиите со помал износ а најмалку високите пензии’’дециден е Аргировски.

Според него, неопходно е Владата да усвои пакет мерки за пензионерите, да се одвојат повеќе средства за нив, да продолжи помошта за сметките за струја за тие со ниски пензии, да се предвидат субвенции за скапи лекови но и да да се олесни набавката на ортопедски помагала.

“Според мене мене најниската пензија треба да биде 20 000 денари, а со ова се согласуваат и многу аналитичари и професори’’ заклучува Аргировски кој ги потсетува здруженијата на пензионерите да ја зголемат активноста и да направат напор да се намали сиромаштијата кај пензионерите.

Следната пензија за пензионерите, според најавите на Владата, ќе биде за 6,8% повисока.Ако се знае дека инфлацијата достигна речиси 17% се чини дека се работи за непропорционален раст на пензиите.Како го коментирате овој факт?

На место ви е порашањето.Државниот завод за статистика излезе со податоци според кои трошоците за живот односно инфацијата е повисока за речиси 17%, но ако се земе предвид дека се зголемени сите цени, на млекото, лебот, маслото и млечните производи и ако се додаде постојаниот раст на цената на електричната енергија и парното, инфлацијата сигурноќе биде над 20%.Отворено говорејќи, пензионерите со ова усогласување од само 6,8% се навистина погодени.Од септември пензиите се зголемуваат линеарно или со други зборови тој што зема ниска пензија од 10 500 денари ќе добие покачување од само 699 денари, а оние со над 60 000 денари пензија ќе добијат плус 4100 денари.Тоа е голема разлика.Шест пати повеќе ќе добијат тие што имаат високи пензии како да се повеќе погодени во скапотијата од пензионерите со пониски пензии.Навистина загрижувачки. Кога зборуваме за ниските пензии, битно е да се каже дека од 330000 пензионери во земјава, околу 228 000 или 69% имаат пензија до 18. 000 денари и со овие пари тие треба да ги задоволат основните животни потреби што за Македонија како социјална држава, треба да се свати како сериозна опомена. Не заборавајте дека Македонија се наоѓа на високото шесто место по сиромаштија во Европа.

Кога веќе говорите за тие со најниските пензии, како може да се преживее со 10 500 денари?

Тоа е најголемиот проблем. Во вакви ситуации треба да дојде до израз солидарноста.Голем дел од средствата во пензискиот фонд доаѓаат од буџетот, тоа се народни пари, затоа и треба солидарност, треба повеќе да се зголемуваат повеќе пензиите со помал износ а најмалку високите пензии. Според мене подобро ќе беше пензиите да се зголемуваат како порано, со по на пример 2000 денари.Или тие со најниски пензии да добијат 20% зголемување, тие што примаат пензија до 40 000 денари да добијат 15 % зголемување, а 10% покачување да добијат тие со највисоки пензии.Така тој распон, јазот што постои меѓу пензиите ќе се намали затоа што збориме за социјална криза која постои во Македонија. Погрешно е да се гледа секој да земе според вложеното во пензискиот фонд бидејќи секој не вложува исто.Одредени категории вработенисо посебни закони имале бенефиции за стаж, а за други во пресметката за висината на пензија се зема нивната последна примена плата.За поголемиот дел од тие што одат во пензија се зема 80% од целиот стаж, а во првите години секој има помали примања. Затоа мислам дека ако имате со посебни закони бенефициран стаж, пензијата по мене не треба да биде привилегија само на тој начин.Ако државата сака да ги помогне тие луѓе, треба да се даваат посебни средства во пензискиот фонд за таа намена и така усогласувањето на нивните пензии да биде поинакво од тие кои имаат 30- 40 години стаж.

Според вашите контакти, има ли пензионери кои се на работ на егзистенција?

Има и тоа многу и за нив ваквата состојба е многу тешка.Тие одамна не купуваат месо, но поголем проблем за нив е што немаат пари за лекови бидејќи им се многу скапи.Пензионерите сеповозрасни луѓе, им требаат лекови што се скапи и не се на позитивната листа. На тие пензионери имаат им требаат по 3000-4000 денари за лекови месечно.Од каде ќе ги најдат парите кога земаат мали пензии? А децата имсе во странство или се без работа. Да не ги споменувам тука трошоците и сметките за вода, струја…кои поради неплаќање, на крај ќе им се исклучат. Во земјава има 92 000 пензионери кои земаат пензија до 11 000 денари а до 18 000 денари има 135 000 корисници.Тоа се 228 000 луѓе кои го крпат животот и не живеат ни малку комотно.

По мене најниската пензија треба да биде 20 000 денари, а со ова се согласуваат и многу аналитичари, професори. Неспорно е дека во ваква ситуација, државата бара повеќе средства, во Европа постојат фондови за помош на таквите лица.Затоа мислам дека треба да се зголеми активноста на здруженијата на пензионери и да се направи напор да се намали сиромаштијата кај пензионерите.

Дали сметате дека Владата треба да усвои нов пакет мерки со кои во голема мера ќе им се помогне на пензионерите по примерот на Европа?

Најотворено говорејќи треба пакет мерки, да се одвојат повеќе средства за пензионерите, да продолжи помошта за сметките за струја за тие со ниски пензии, да се предвидат субвенции за скапи лекови, да сеолесни набавката на ортопедски помагала.Многу се скапи и не можат да си ги набават.И тука треба помош.

Имаме Сојуз на здруженија на пензионери но не гледаме некои иницијативи од таму.На што се должи ваквата неактивност и инертност?

Имаат иницијативи, но како да се затворени во себе.Треба појавно да настапуваат, да не се партиски определени.Тие не сакаат да се замерат со властано има многу начини како тоа да го решат, со протестни писма, со собири пред собрание, Влада,со разговори со надлежните и да се инстистира секој да се држи до договореното.Се збореше дека пензионерите ќе добијат рекордно зголемување од 10 %, а испадна едвај 6,8 %.Не е потребен популизам.Кога се збори со Владата мора точно да се прецизираат работите.Во март кога се збореше за законот за услогласување на пензиите, рекоа дека се работи за нов закон и дека ќе има рекордно згоелмување, испадна чист популизам. На тие разговори одеа пензионери кои примаат високи пензии.Зошто не беа повикани инвалидските пензионери, и таму имаат огромни проблеми, или претставници со пониски пензии да си го кажат својот јад, туку отидоа тие што примаат високи пензии на кои им беше важно да си добијат 3000-4000 денари покачување.

К.В.С.

Слични содржини