Археолозите пронајдоа 60.000 градби на Маите под џунглата во Гватемала

од desk2
146 прегледи

Група археолози откри, со помош на модерна ласерска технологија, повеќе од 60.000 градби и урнатини од времето на Маите под џунглата во Гватемала, пишуваат светските медиуми.

Меѓу структурите кои археолозите ги пронајдоа се наоѓаат патишта, палати, темели од куќи, воени утврдувања и бедеми. Поранешните истражувања тврдат дека на тоа подрачје живееле неколку милиони Маи. Меѓутоа, археолозите велат дека новото откритие покажува дека бројот на припадници на цивилизацијата на Маите до сега бил погрено проценет и дека всушност ги имало до четири пати повеќе. Според новите податоци, повеќе од десет и 15 милиони Маи ги населувале Гвателама, Јукатан во Мексико и Белизе во 16 век.

„Ова е најголем напредок во повеќе од 150 години археологија на Маите“, вели за BBC Стивен Хјустон, археолог од Универзитетот Браун.

Водечкиот истражувач на проектот, археологот Франциско Естрада -Бел, додаде дека на археолозите ќе им требаат 100 години да ја прегледаат џунглата во Гватемала и да сфатат шти пронашле.

При истражувањето археолозите користеле револуционерна технологија Лидар која открива археолошки локации речиси невидливи со голо око.

„Сликите од оваа технологија покажаа декеа целиот регион бил систем на населби чиј обем и густина на популацијата во голема мерка се потценети“, рече Томас Гарисон, археолог од колеџот Итака.

Комплетното откритие ќе биде претставено во специјален документарец под наслов „Lost Treasures of the Maya Snake Kings” (Изгубеното богатство на кралевите змии на Маите) кој ќе се емитира на 6 февруари на National Geographic.