Архиепископот Стефан: Денешниот чин ја потврдува љубовта на две сестрински цркви

од Берта Китинска
255 прегледи

Архиепископот Охридски и Македонски Стефан на Литургијата на помирување во црквата Свети Сава рече дека денеска е воспоставено канонско единство со СПЦ и дека се надева оти СПЦ ќе донесе одлука за автокефалноста на македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Архиепископот Стефан се заблагодари на СПЦ за даруваната љубов и обновувањето на македонската црква.

– Ви благодариме за неизмерната радост, дојде време да се стави крај на страдањата за православниот македонски народ и Македонската православна црква – Охридската архиепископија – рече Стефан.

Тој посочи дека е постигнато канонско заедништво на двете сестрински цркви и дека за тоа донел Соборот на Српската православна црква, неколку дена по одлуката на Вселенската патријаршија.

„Преку единство со сите за конечно решавање на нашиот статус и автокефалност, и денес доживеавме целосна радост и од вас, светост Порфиријe, да доживеете, децениската тага да ја претворите во радост“, рече Стефан.

Тој порача дека македонската црква ќе го продолжи патот кој води кон мир и кон конечно решавање на автокефалноста на таа црква.

МПЦ-ОА верува дека ќе доживее радост со одлуката на вашата светост и архиерејот на СПЦ на овој Собор, додаде Стефан.

Тој рече дека верува оти единството на СПЦ и Македонската црква ќе трае многу години, а потврда за добрата волја е денешната заедничка литургија.

– Овој денешен чин ја потврди љубовта на двете сестрински цркви – рече Стефан.

Слични содржини