Архиепископот Стефан му посака на бугарскиот патријарх Даниил мирно и плодородно првојерархиско служење

од Nikola Popovski
33 прегледи

Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил. Архиепископот му посака на патријархот мирно и плодородно првојерархиско служење.

-Бугарската Црква и бугарскиот народ со Вашиот избор добија богољубив, правдољубив и ревносен Архипастир исполнет со ревност кон Божјото слово, грижлив Патријарх кој внимава на чистотата на православната вера, но и смирен молитвеник за богомдоверената му паства, вдахновуван од евангелските зборови: Јас сум добриот Пастир. Добриот Пастир си ја полага душата своја за овците. Семилостивиот Бог нека Ви дарува и нека го умножи и преумножи Вашето духовно стадо. Ваш собрат и сослужител пред престолот Божји, архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, стои во честитката до митрополитот Софиски и Патријарх Бугарски.

Бугарскиот патријарх е избран во вториот круг, во кој кандидати биле тој и митрополитот врачански Григориј. За митрополитит Даниил гласале 69, а за митрополитот Григориј 66 делегати. Имало три неважечки ливчиња.

52-годишниот Даниил ја презема власта по смртта на патријархот Неофит во март. Даниил ја нарече Украина агресор, во сегашната целосна инвазија на руските трупи на Украина. Тој смета и дека Украина е креација на Владимир Илич Ленин.

Даниил го критикуваше затворањето на Руската црква во Софија минатата година и изрази револт по одлуката да се протера нејзиниот поглавар, архимандритот Васијан и уште двајца свештеници под сомнение за шпионажа.

Слични содржини