Архиепископот Стефан разговарал со рускиот патријарх Кирил за теми од взаемен интерес

од Nikola Popovski
453 прегледи

Руската православна црква (РПЦ) објави вест за остварен телефонски разговор помеѓу рускиот патријарх Кирил и архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, кој се случил во текот на вчерашниот ден.

Во информацијата не се наведуваат детали за што е разговарано, но пишува дека двајцата поглавари разговарале за теми од взаемен интерес за состојбите во православниот свет.

-Поглаварите на двете Цркви си разменија честитки за празникот Света Пасха. За време на братскиот разговор, кој се одвиваше во топла атмосфера на братска љубов и меѓусебно разбирање, се разговараше за состојбите во православниот свет и за други теми од заемен интерес, стои во соопштението, објавено од РПЦ.

Од МПЦ не ја информираа јавноста за разговорот.

Слични содржини