379
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на својот Фејсбук профил сподели дека е позитивна на Ковид-19.
„Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и позитивна на Ковид-19.
Почитувајќи ги здравствените протоколи, во наредните денови ќе останам во самоизолација добивајќи ја потребната терапија.
Иако ја примив втората доза од вакцината пред повеќе од 1 и пол месеци, вирусот се уште е меѓу нас и може да влијае на сите!
Благодарение на вакцинацијата досега имам само мали симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро!
Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе, семејството и другите околу вас!“, соопшти таа.