Аријана Гранде со емотивно враќање во Манчестер

од Vlatko K
146 прегледи

Аријана Гранде им порача на фановите дека е „преуморна“ и „многу нервозна“ на почетокот на
нејзиниот концерт во Манчестер. Ова е нејзино прво појавување на сцената во градот по
терористичкиот напад во 2017 година, јави Би-Би-Си.


Толпата го извикуваше нејзиното име за време на нејзиниот сет на „Манчестер прајд“.
Вооружена полиција патролираше цело време на настанот, што се случи две години откако бомбашсамоубиец уби 22 лица по нејзиниот концерт во „Манчестер Арена“.

„Манчестер има многу посебно место во моето срце“, рече суперesвездата.
„Многу сум среќна што сум со вас, затоа ви благодарам што ме пречекавте. Жал ми е, што сум толку
нервозен. Имав многу повеќе да кажам, но навистина сум преоптоварена. Затоа, едноставно ви
благодарам“, изјави таа пред публиката

Американската пејачка ја започна својата свирка „No Tears Left To Cry“ – првата песна што ја
издаде по нападот, а ноќта беше емотивна и за пејачката и за нејзините обожаватели.