Демократот Марк Кели го победи републиканецот Блејк Мастерс во трката за Сенатот во американската сојузна држава Аризона, според проекциите на CNN врз основа на 85 отсто од обработените податоци.
Податоците на американската медиумска компанија покажуваат дека Кели има 51,8 отсто од гласовите, а Мастерс 46,1 отсто, што е околу 124.000 гласови во корист на демократот.
Ако проекцијата на Си-Ен-Ен е точна, тоа значи дека ситуацијата во горниот дом на Конгресот по среднорочните избори одржани на 8 ноември е изедначена – двете партии имаат по 49 места.